Од 23 август, САД го проширува списокот на кинески стоки за кои се воведуваат царини од  25 проценти, соопшти Канцеларијата на трговскиот претставник на САД.

Нивната вредност е 16 милијарди долари.

Овие нови давачки се додаваат на веќе воведените на 6 јули 25 проценти царина за кинески стоки за вредност од 34 милијарди долари. Кина одговори со воведување царина за американски стоки со иста вредност.

 

Конечниот список на кинески стоки за кои се воведува 25% царина со вкупна вредност од 50 милијарди долари содржи 279 артикли.

Двете најголеми светски економии се во трговски спор по обвинувањата на САД дека Кина користи агресивни тактики, вклучувајќи сајберкражби.