Соединетите Американски Држави и Јапонија ги прават финалните подготовки за прв состанок на кој ќе се разгледуваат новите услови во меѓусебната трговија – јави денес јапонскиот јавен сервис NHK.
Американскиот претседател Доналд Трамп и Јапонскиот премиер Шинзо Абе се согласија во Април да постават нова рамка за разговори за трговската размена во духот на „ слободна, фер и реципрочна“ трговска размена што ќе биде договорена помеѓу преставникот за трговија на САД Robert Lighthizer и јапонскиот министер за економија Toshimitsu Motegi.
Со овој состанок продолжува веќе поставениот смер на администрацијата на Доналд Трамп за редифинирање на трговските односи меѓу САД и останатите земји во светот во делот на следењето на нивната нова економска доктрина.