Кина воведе царина на листа американски производи во вредност од 16 милијарди долари како одговор на истото толкаво ново зголемување на царините за кинески производи од страна на САД, во услови на ескалација на битката околу технолошката политика на Пекинг, која ги загрижува компаниите дека ќе влијае на глобалниот економски раст, пренесе АП.
Вземното воведување на нови царини се одвива за време на првите разговори во два месеци на претставниците од високо ниво во Вашингтон. Нема знаци за постигнување спогодба околу поплаките на САД дека Пекинг ја краде технологијата и нејзината индустрија развива планови кои ги прекршуваат обврските на Кина за слободна трговија.
Царинските давачки од 25 отсто се однесуваат на стока во вредност од 16 милијарди долари од двете страни вклучувајќи автомобили и метални отпадоци од САД и фабрички машини и електронски компоненти од Кина.
Кинеските власти соопштија дека се одлучни во новата ескалација на трговскиот конфликт на двете сили да ја спроведат „неопходната одмазда“, наведе Ксинхуа.
САД на 6 јули воведоа 25 отсто данок за кинеска стока во вредност од 34 милијарди долари.
Кина реагираше со воведување слични давачки во иста вредност за американски производи.