САД објави дека ќе ги продолжи своите трговски мерки против Кина кратко време откако Вашингтон и Пекинг објавија привремено решение за спорот и ова ги зголеми надежите дека тензијата опадна, објави „Ројтерс“.
Прес-службата на Белата куќа објави дека САД планираат да воведат ограничувања на одредени кинески инвестиција, а исто така и 25% давачки за одреден број категории на стоки. Овие мерки ќе бидат спроведени во спроведувањето на одлуките донесени од американскиот претседател Доналд Трамп на 22-ри март оваа година, додаде прес-службата на Белата куќа.
Со цел да ја зајакне националната безбедност, „САД ќе воведе специфични ограничувања за инвестиции и ќе ги зајакнат контролите за извозот“ во однос на физичките и правните лица од Кина, истакна Белата куќа.
Овие ограничувања ќе влијаат на купувањето во САД на индустриски важни технологии, односно високата технологија.
До 15-ти јуни Вашингтон ќе објави список од кинески стоки вредни 50 милијарди долари, кои ќе бидат оданочени со стапка од 25 отсто, а царинските давачки ќе почнат да се применуваат набргу потоа, објави Белата куќа.
Покрај тоа, САД ќе продолжат да бараат решение за својот спор со Кина во Светската трговска организација, додаде „Ројтерс“.