До 30 април 2025 година дозволени се трансакции во оваа област
САД одобриле трансакции со некои руски банки во енергетски трансакции, се вели во документот објавен од Канцеларијата за контрола на странски средства на американското Министерство за финансии.
До 30 април 2025 година, дозволени се трансакции во оваа област со банките Внешекономбанк, Откритие банка, Совкомбанк, Сбербанк, ВТБ, Алфа банка, Росбанк, Зенит и Св. Петербург, Националниот клириншки центар, како и сите други организации во кои поседуваат удел од 50% или повеќе, и Централната банка.
Трансакции поврзани со енергија се сите трансакции поврзани со производство, преработка, транспорт и купување нафта и нафтени деривати, природен гас и други енергетски ресурси, вклучувајќи јаглен, дрво и сите форми на ураниум и обновливи извори на енергија.