САД одлучија да го суспендираат зголемувањето на царините за увоз на кинеска стока во вредност од 250 милијарди долари, а Кина се согласи да купи американски земјоделски производи вредни меѓу 40 и 50 милијарди долари, бидејќи двете земји постигнаа примирје по 15-месечната трговска војна.
Двете најголеми светски економии за натамошните преговори го оставија решавањето на најтешките прашања, во кои спаѓаат и американските обвинувања дека Кина врши притисок врз други држави да и ги дадат технолошките тајни во замена за пристап на кинескиот пазар.
Царините за увоз на кинеска стока, во вредност од 250 милијарди долари, требаа да бидат зголемени утре од 25 на 30 отсто.