Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе дополнителни царини за увозот на француски производи во вредност од околу 2,4 милијарди долари. Ова е одговор на зголемувањето на француските царини за американските технолошки гиганти, како „Гугл“, „Амазон“ и „Фејсбук“.

Како што пренесуваат агенциите, трговските службеници во САД најавиле дека планираните царини ќе опфаќаат широк спектар на производи, од сирењето од марката „Roquefort“ до женските чанти.

Американските власти ги оправдаа предложените мерки со ставот на САД дека новите француски царини за дигиталните производи, кои во некои случаи достигнуваат до 100 проценти, ги дискриминираат американските компании. Стопанската комора на САД ќе прифати коментари на јавноста за предложените мерки до 6 јануари, додека за мерките ќе се расправа следниот ден.