Годинава, тема на одбележувањето е аерозагадувањето и мерките за зголемување на квалитетот на воздухот.
По повод 5 јуни – Интернационалниот ден на животната средина, ЕВН, Шпаркасе Банка и EBRD GEFF организираат Саем за енергетска ефикасност.
Годинава, тема на одбележувањето е аерозагадувањето и мерките за зголемување на квалитетот на воздухот.
На саемот ќе се презентираат различни опции за воведување на енергетска ефикасност во домовите. Учесниците на саемот ќе ги претстават своите современи решенија за енергетски ефикасна изолација на објектите, прозорци, сончеви колектори, осветлување, котли и фотоволтаични системи.