Кога ќе се спомне изразот 1%, обично се однесува на најбогатите 1% од луѓето на планетава, кои поседуваат речиси половина од целото богатство на светов, односно поседуваат речиси исто толку колку што поседуваат останатите 99% од човештвото. Слично и во државни рамки. Зборуваме за луѓе милионери, милијардери, сопственици на минимум една јахта, ако не и приватен остров.
Според најновото истражување на „Тим институтот“, меѓутоа, во Македонија изразот може да има и сосема поинакво значење. Имено, според податоците од истражувањето на финансиската писменост во земјава, презентирани од Асоцијацијата на финансиски друштва, која е и нарачател на истото, само 1% од граѓаните во земјава можат да си дозволат да купат стан или викендичка. Освен тоа, само 57% имаат доволно за храна и облека, додека 12 отсто немаат доволно ниту за храна. Дури 44% од граѓаните немаат средства за штедење, покажува истражувањето, според кое исто така е мал делот и на оние што ги користат расположливите финансиски услуги