Традицијата, семејните односи и пристапот до финансии се главна причина што жените во Македонија сеуште се плашат да започнат свој бизнис. Статистиката говори дека од вкупниот број на претприемачи во државата нешто помалку од една третина се жени.
„Потребна е храброст и информации, позврзува и приближување на иснтитуциите.“ – вели Наташа Здравковска, здружение на бизнис жени.
„Пристапот до информации е најголема пречка.“ – вели Викторија Милановска, координатор за источниот регион.
На истокот жените претежно водат мали бизниси, со еден до 10 вработени. Најмногу во секторот на услужни дејности. Според приходите тоа е доволно за да преживеаат, но не и за поголем развој. Здруженијата сметаат дека нивните бизниси би растеле побрзо доколку имаат еднаков пристап до капиталот каков што имаат мажите.
„Слабо се информирани зошто тие дејности бараат инвестиции.“ – вели Здравковска.
Последната анализа на Светска банка укажува дека родовоата неденаквост и помалото учество на жените во бизнисот ја чини Македонија загуба и до 15 % во бруто националниот производ. Истата анализа покажа и дека жените во државава потешко наоѓаат работа, а нивниот труд е пониско вреднуван дури и во случаи кога имаат поголеми квалификации од мажите.