Два денари за килограм откупена слива изнесува субвенцијата за правните лица – откупувачи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски мерки. Допоплнително земјоделците добиваат субвенција од три денари за килограм предадено овошје во преработувачки капацитет.
Вкупната финансиска поддршка што ја дава Министерството за земјоделство за стабилизирање на откупот на сливи, изнесува 5 денари.
Од Министерството појаснуваат дека два денари по килограм откупена слива изнесува субвенцијата за правните лица откупувачи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски мерки. Допоплнително земјоделците добиваат субвенција од три денари за килограм предадено овошје во преработувачки капацитет.
Финансиската поддршка за откупувачите, информираат од Министерството за земјоделство, ќе важи за откупени количини на сливи до 15 септември 2018 година, по откупна цена не пониска од 5 денари за килограм за индустриски сливи.
– Оваа субвенција ќе важи и за откупувачите кои ќе откупат свежа слива, со кои што на еден од состаноците изминативе денови што ги одржа тимот од МЗШВ, е договорено откупната цена за оваа слива да не биде пониска од 8 денари за килограм. Во моментов над 20 компании откупуваат сливи – велат од МЗШВ.
Оттаму додаваат и дека се стапено во контакт со откупувачите и е утврдено дека екој откупувач при откуп на слива, издава кантарна белешка.
Минатата година за 10 отсто ги зголемивме субвенциите за овошни насади вклучително и за сливите. По овој основ зголемени субвенции добија над 2.500 производители на сливи, за што беа исплатени 64 милиони денари.