Мобилниот гигант „Самсунг“ планира да пренесе една петтина од производството на паметни телефони во Кина во првиот квартал од следната година.
„Самсунг“ се одлучи за овој потег делумно поради конкурентскиот притисок во класата на достапни паметни телефони, како и на оние од средната класа.
Големите кинески производители „Хуавеј“, „Опо“, „Ксаоми“ и „Виво“ стануваат популарни и во другите делови на светот надвор од Азија, а купувачи се главно млади луѓе кои на нови телефони трошат од 200 до 250 долари.
„Самсунг„ планира и нови прифатливи модели од својата популарна линија А паметни телефони, така што некои верзии ќе добијат и премиум карактеристики, како што е системот со повеќе камери.