– Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин изјави дека економски и политички Германија е меѓу главните партнери на Косово, бидејќи, како што вели, германската држава верува во иднината и потенцијалот што го има земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
На отворањето на Вториот германско-косовски економски форум што го организира Германско-косовската стопанска комора во соработка со Источниот комитет на германската економија, Сарацин рече дека сите земји од Западен Балкан треба да настапат заедно на пазарот на ЕУ.
-Она што сакам да го кажам е дека, ако ги гледаме можностите за економски раст, убеден сум дека Косово има потенцијал за иновации и развој.
Економски и политички Германија е меѓу главните партнери на Косово, затоа што веруваме во вашата иднина и потенцијал-, рече Сарацин.
Според германскиот емисар, Косово треба да создаде предуслови за привлекување странски инвестиции, а еден од тие предуслови е да работи на заеднички регионален пазар што овозможува развој.
-Потенцијалот што го имате на Балканот може да се види во регионот поради младата популација која не сака да чека, туку сака да дејствува.