Со нафтената криза се повеќе се носи и „отпорното“ кралство, па така саудиските власти донесоа одлука да се задолжат за дури 58 милијарди долари со цел да ја пополнат дупката во буџетот настаната поради падот на цената на нафтата.
Иако Саудиска Арабија често се споменува како земја која може најдобро да се носи со нафтените кризи, се чини дека богатството кралство овојпат не може така лесно да излезе од кризата.
Имено, саудискиот министер за финансии, Мохамед Ал-Џадан порача дека Саудиска Арабија оваа година ќе се задолжи за 58 милијарди долари за да ја покрие дупката во буџетот создадена поради големиот пад на цената на нафтата.
Тие пари Саудиска Арабија планира да ги набави со издавање на обврзници. Истовремено, саудиската државна нафтена компанија „Арамко“ размислува за продажба на својот дел од нафтоводната инфраструктура за 10 милијарди долари, пренесува „Блумберг“.
Но, министерот за финансии на земјата и натаму е оптимист: „Кралството минуваше низ слични, а можеби и потешки кризи во минатото. Секогаш успеваше да помине низ нив. Ова нема да биде исклучок“.