Македонската економија значително закрепна во однос на 2017 година и се гледаат позитивни движења поддржани од приватните инвестиции и потрошувачката. Се очекува годинава економијата да забележи раст од 2,5 проценти, следната 2,9 проценти и 2020 година 3,2 проценти. На ваквите очекување може да влијае нарушувањето на реформскиот процес под влијание на изборните циклуси и неисполнување на фискалната консолидација.
Ова е оценката на Светска банка во редовниот економски извештај за Западен Балкан, што денеска беше презентиран во Канцеларијата на оваа меѓународна финансиска институција во Скопје.
– Македонија забележа најголем напредок од шесте балкански земји од минатата година. До 2020 година се очекува постепен раст, меѓутоа чувствувителноста на претпоставките за нашиот изглед е забзување на процесот на пристапување во ЕУ и одржаниот момент на реформите, рече директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Марко Мантованели, додајќи дека ќе ги следат состојбите и ќе ги земат предвид при следните проекции.
На краток рок, на Македонија и советуваат фокусирање врз стабилизирањето на јавниот долг, што годинава порасна на 49 проценти, што е можно доколку се спроведе одредено приспособување.
Според него, добро е што оваа година е намален дефицитот и со тоа се креира простор за продуктивни инвестиции во човечкиот капитал и помала потреба да се финансираат дефицити за повторно задолжување.
Светска банка препорачува структурна реформа фокусирана на креирање опкружување за продуктивен конкурнетен приватен сектор, а од друга страна инвестирање во човечки капитал.
Светска банка очекува дека јавниот долг годинава ќе достигне до 50 проценти.
Позитивна вест, како што рече, е што е намалена стапката на невработеност и што се очекува таа да достигне историски најниско ниво од 20,4 проценти, но се затскрива одредена неактивност, односно на оние кои не работат или не сакаат да работат.