Шесте економии на Западен Балкан треба заеднички да инвестираат најмалку 37 милијарди долари во следната деценија за ефикасно да ги заштитат луѓето и имотот од штетните и растечки ефекти на климатските промени, се вели во Регионалниот извештај за Западен Балкан за климатски промени и развој на Групацијата Светска банка (CCDR) објавен денеска.
Придобивките од ефикасната климатска акција би биле огромни за Западен Балкан, кој ги вклучува Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Овие инвестиции би помогнале да се избегне загубата на човечки животи, имот и продуктивност и би помогнале во забрзувањето на економскиот раст.