Руската Сбербанк има намера да го намали своето присуство на европскиот банкарски пазар за една или две години поради влошените геополитички услови.
Ова во интервју за руската новинска агенција ТАСС го изјави Лев Хасис, првиот заменик претседател на управниот одбор на најголемата руска банка.
– Ние веќе ја напуштивме Турција. Најавивме дека разгледуваме начини да го намалиме присуството во Европа. Мислам на период од една, две години, рече Хасис на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Сбербанк е присутна во Европа со групата Сбербанк Европа со седиште во Виена, која е во целосна сопственост на неа. Сбербанк Европа работи на осум европски пазари – во Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Словенија, Србија и Германија.
Според податоците од крајот на 2019 година, има повеќе од 3.900 вработени и околу 740.000 клиенти.
Сбербанк Европа стана дел од банкарската група Сбербанк во 2012 година, кога најголемата банка во Русија и една од водечките финансиски институции во светот со повеќе од 96 милиони клиенти во 20 земји, а неодамна ја купија и австриската банкарска групација Фолксбанк.