Најголемата руска Банка Sberbank планира да почне со тргување со криптовалути надвор од Русија бидејќи таму тоа не е дозволено.
Руските власти велат дека нема да ја легализираат употребата на дигиталните криптовалути во Русија додавајќи дека се уште работат на регулирање на трансакциите со криптовалутите кои не би вклучувале нивна целосна забрана.
Руските закони и покрај тоа што го забрануваат тргувањето со криптовалутите Sberbank сакаат да им овозможат на клиентите услуги кои ги сакаат и бараат.
,,Сметаме дека мораме да имаме стратегиски пристап кон тие производи”- појасни директорот на Банката од одделот за работа со глобални пазари.
,,Законите во Швајцарија дозволуваат тргување со криптовалутите и ние работиме на градење на инфраструктура за да можеме да почнеме да ги нудиме овие услуги преку нашите подружници во Швајцарија”– додаде тој
Руската државна банка има свој дел од Sberbank во Швајцарија, чие седиште се наоѓа во Цирих.