Втора година по ред, „Сбербанк” е прогласена за најиновативна банка во Централна и Источна Европа, според специјализираниот магазин „Global Finance”. Персонализираното корисничко искуство на банкоматите на „Сбербанк” засновано на вештачка интелигенција (АИ), исто така, доби посебно признание.

„Сбербанк” беше признаена како најиновативна банка откако воведе 16 високо-технолошки проекти за граѓани и корпоративни клиенти кои беа имплементирани во филијалите на банката и вклучуваат:

  • Персонализирано корисничко искуство на банкомати на Сбербанк засновано на вештачка интелигенција (АИ);
  • Хибриден производ: прифаќање на платни трансакции преку деловни партнери;
  • Платформа за плаќање режиски трошоци (БРИС);
  • Персонализација на апликацијата „Sberbank Online” заснована врз вештачка интелигенција (АИ);
  • Емоционален дизајн на апликацијата „Sberbank Online”;
  • „Sberbank ID”: пријава со QR код или PUSH известувања за повеќе од 50 услуги што се дел од екосистемот на Сбербанк и нејзините партнери;
  • Претплата како модел на плаќање за партнерски услуги во рамките на апликацијата „Sberbank Business Online”;
  • „FinTech API” решение како платформа за директна интеграција на услугите на партнерите, плаќања на сметки и системи за наплата на клиенти со Банката;
  • Проширена палета на производи за деловно работење на финансиските пазари, како дел од апликацијата „Sberbank Business Online”;
  • Интелектуална рамка за работење со потенцијалните клиенти;
  • Алгоритмички нарачки во системот за е-трговија „Sberbank Markets”;
  • Интелигентна програма за комуникација (chatbot) во рамките на платформата за електронска трговија „Sberbank Markets”;
  • Сеопфатно решение за работење со големи количини пари;
  • Отворање на онлајн сметка за претприемачи;
  • Иновативни услуги во платниот систем за корпоративни клиенти.

Според Џозеф Гиарапут, издавач на познатото финансиско списание „Global Finance”, пред шест месеци правел истражување за тоа колку е важно да бидеш способен да се прилагодиш на промените, кога се појавија индикациите за бесконтактна иднина. Гиарапут е убеден дека новите начини на размислување ќе бидат клучни за развојот на успешните деловни модели.

„Се наоѓаме во време на растечка технолошка поврзаност и конекција, а за компаниите кои го следат овој тренд, работните места се зголемуваат. Меѓу најголемите технолошки компании во светот, нема ниту една традиционална компанија или компанија која се занимава исклучиво со производство на стоки. Технологијата може да се примени насекаде и она се, буквално се менува. „Сбербанк” воведе многу иновативни решенија на пазарот, кои се обидуваат да ги предвидат очекувањата на клиентите и да ги обезбедат најдобрите услуги“, изјави Херман Греф, претседател на Управниот одбор (извршен директор) и претседател на Извршниот одбор на „Сбербанк”.

Наградите за најдобрите иноватори се доделуваат по осми пат на компаниите кои успешно наоѓаат нови начини на развој и кои дизајнираат уникатни банкарски производи. Жирито на финансиското списание „Global Finance” избра иновативни финансиски компании од Африка, азиско-пацифичкиот регион, Централна и Источна Европа, Јужна Америка, Блискиот исток, Северна Америка и Западна Европа.