СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40 проценти, во споредба со ДПМНЕ, соопштуваат од владеачката партија. Оттаму констатираат дека „во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, додека во март 2023 година просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари“.
Во партиското соопштение стои и дека во времето на ДПМНЕ, минималната пензија била 9.000 денари, денес е 13.200 денари.
-Со воспоставената методологија за усогласување на пензиите, покачувањето на пензиите никогаш повеќе нема да зависи од нечија политичка волја, туку ќе се усогласува на секои шест месеци врз основа на растот на трошоците за живот и на просечната плата. СДСМ како одговорна партија останува посветена на обезбедување пристојни пензионерски денови за нашите повозрасни граѓани, особено во ова време на глобална економска и енергетска криза, велат од владеачката партија.