Македонската берза продолжи да бележи негативни трендови и вториот ден по ред, при што главниот берзански индекс МБИ 10 загуби над еден процент од својата вредност.
И повторно, банките беа меѓу најголемите губитници на берзата. Сепак, акцијата на „Стопанска банка Битола“ е исклучок од овој тренд.
Во понеделникот цената на акцијата се зголеми за 1,69 отсто, а вчера дополнително порасна за 1,28 отсто, достигнувајќи цена од 3.393 денари. Овој позитивен тренд е поврзан со очекувањето на понудата од „Комерцијална банка“ за преземање на „Стопанска банка Битола“.
Македонската берза продолжи да бележи негативни трендови и вториот ден по ред, при што главниот берзански индекс МБИ 10 загуби над еден процент од својата вредност. И повторно, банките беа меѓу најголемите губитници на берзата. Сепак, акцијата на „Стопанска банка Битола“ е исклучок од овој тренд. Во понеделникот цената на акцијата се зголеми за 1,69 отсто, а вчера дополнително порасна за 1,28 отсто, достигнувајќи цена од 3.393 денари. Овој позитивен тренд е поврзан со очекувањето на понудата од „Комерцијална банка“ за преземање на „Стопанска банка Битола“.