Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со заменикот претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), учествуваше и се обрати на доделувањето на грантови од првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3 столб, настан којшто се одржа во Македонската филхармонија.
Нa првиот јавен повик што го распиша Фондот за иновации и технолошки развој, од премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев и директорот Деспотовски, на 79 микро, мали и средни претпријатија им беа доделени грантови во вкупна вредност од 10.5 милиони евра, или 638 милиони денари, средства за поддршка предвидени во Планот за економски раст.
При своето обраќење премиерот Заев истакна дека е потпишан и договор за државна помош со нова, странска инвестиција, американската компанија Теламон, и најави дека седмицава ќе следува уште една странска компанија.
Исто така најави и втор инвестициски бран за кој Владата презема обврска да обезбеди средства за поддршка на компании кои аплицираа со своите квалитетни проекти за третиот Столб од Планот за Економски раст.