Се формира Сојуз на млади земјоделци по примерот во Словенија. Се повеќе млади со поддршка од Програмата за рурален развој се решаваат егзистенцијата и работата да ја бараат во земјоделството и во руралните средини. Од вкупно склучени повеќе од 2.300 договори со ИПАРД 2 програмата дури 850 се млади производители до 40 години, со инвестиции од 9 милиони евра…
Министерството за земјоделство ќе формира посебна група и програма за фармери до 40 години од која ќе треба да произлезе и новиот Сојуз на млади земјоделци.
За работата да оди подобро, преку теркот во Словенија, сојузот со членовите, треба да ги следи современите светски текови и да овозможи полесно да се применуваат европските стандарди во аграрот.
Двете финансиски мерки од Програмата за рурален развој, Помошта за млади земјоделци за почнување земјоделска дејност и поттикнување на земјоделското производство, според Министерството треба да се битен фактор во реализирање на активностите.
За неколку години постоење овие мерки досега ги искористиле 840 млади земјоделци од кои 580 добиле грант до 10.000, а 260 до 20.000 евра. Од вкупно склучени 2.300 договори со ИПАРД 2 програмата, 850 се млади земјоделци, со инвестиции од 9 милиони евра.
Во ИПАРД 3 повикот што е во тек за оваа категорија земјоделци кофинансирањето е 70, а може да достигне и до 75 проценти.