Норвешкиот енергетски гигант Equinor, кој е во мнозинска сопственост на државата, заработил четири пати повеќе во првиот квартал во споредба со истиот период минатата година.

Огромниот дел ќе биде префрлен во огромниот државен фонд на Норвешка – најголемиот во светот – за поддршка на нацијата кога нафтата ќе пресуши. Владата не размислува да го пренасочи на друго место.
Норвешка „придонесе значителна поддршка за Украина од првата недела од војната, а ние се подготвуваме да направиме повеќе“, рече државниот секретар Еивинд Вад Петерсон.
Тој рече дека земјата испратила финансиска поддршка, оружје и околу 200 милиони евра хуманитарна помош „независно од цените на нафтата и гасот“.

Европските земји, во меѓувреме, помогнаа да се „надуваат“ норвешките цени на енергијата со тоа што се обидуваат да го диверзифицираат своето снабдување подалеку од Русија. Тоа енергетско потпирање „и дава на Русија алатка за заплашување и употреба против нас, а тоа е јасно докажано сега“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, поранешен премиер на Норвешка, на состанокот на Светскиот економски форум во Давос. Русија го стопираше природниот гас за Финска, Полска и Бугарија поради одбивањето да се плати во рубли.

ЕУ има за цел да го намали зависноста од рускиот природен гас за две третини до 2023 година преку складирање, развој на обновливи извори и алтернативни набавки. Норвешка испорачува 20% до 25% од природниот гас во Европа. Важно е Норвешка „да биде стабилен, долгорочен снабдувач на нафта и гас на европските пазари“, рече заменик-министерот за енергетика Амунд Вик. И покрај тоа, Осло одговори на европските повици за повеќе гас со тоа што им дозволи на операторите да произведуваат повеќе оваа година. Даночните стимулации овозможуваат компаниите да инвестираат во нови офшор проекти, при што новиот гасовод кон Полска ќе биде отворен оваа есен. „Правиме се што можеме за да бидеме сигурен снабдувач на гас и енергија за Европа во тешки времиња“, рече Ола Мортен Анестад, портпарол на Equinor.