Во тек е сезоната на правење ајвар, па на социјалните мрежи се отвори вистинска дебата околу тоа дали домашно приготвен ајвар кој се продава „онлајн“ по цени од 400 па и над 600 денари за една тегла е скап и дали е поевтино тој да го приготвувате сами.

Гевгеличанец на социјалните мрежи сподели пресметка:

„Цените што ги наведувам се на големо, доколку ги купите истите работи во пиљара или на пазар цените би биле – пиперката 60-90 денари килограм, модриот патлиџан 20-30 денари килограм.
Што значи, вие од самиот старт вложувате од 2.500 do 5.000 денари, зависи до цените – само за пиперки и модар патлиџан.
Додадете уште 500 денари за зејтин и сол.
Дрвата исто така не се бесплатни.

За таа количина ќе направите околу 15-20 тегли ајвар.
За да го направите ајварот потребни ви се најмалку два дена, доколку сами го правите. Автоматски тоа е како трошок три илјади денари.
Што значи 6.000-8.000 денари вие вложувате за да добиете 15-20 тегли ајвар.
Доколку ајварот го продадете по 500 денари тегла, вие сте добиле од 2.000 до 4.000 денари максимално за вашата макотрпна работа – два дена што сте работеле.