Задоволителни цени, но без сериозна стратегија радоста на земјоделците нема да трае. Вака ја оценуваат земјоделските здруженија од Струмичко иднината на македонскиот аграр.

Иако годинава земјоделските производи достигнаа цени кои ги оправдаа трошоците и трудот на градинарите, според Ристо Велков мора да се дејствува на време за да се задржи позитивната слика.

Стихијниот начин на производство е пречка не само за модернизација на земјоделското производство, туку и за посериозен пристап на аграрните пазари. Агрономите велат дека среднорочните и долгорочните планирања треба да ги вклучат расположливите ресурси, но и климатските услови според кои ќе се ориентира македонскиот аграр.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, се регистрирани 514375 хектари обработлива површина.

Кај обработливата површина намалување е забележано кај овоштарниците за 2.5 % и лозјата за 4.6 %. Во истиот период, регистрирано е зголемување на производството кај оризот за 5.4 % и пиперките за 4.1 %. Од градинарските култури намалени биле посевите со домати, дури за 23%, како и краставици, 34%.

Големи намалувања има и кај индустриските култури како сончогледот, кој во 2023 година се одгледуувал на површини намалени до 40% и крмната пченка која била за 32% помалку засадена на нивите.