Американскиот претседател Џо Бајден се очекува утре да објави нови трговски мерки против Кина.
Новите царини ќе влијаат, меѓу другото, и на електричните автомобили, пишува Wall Street Journal и додава дека во моментов се плаќа царина од 25% за кинеските ЕВ, како и дополнителни 2,5% како за сите увезени автомобили.
Од утре, пак, тарифата ќе биде четири пати повисока – на кинеските електрични автомобили ќе биде 100%, што очигледно ќе ги направи кинеските автомобили неконкурентни на пазарот.
Новите високи такси ќе важат и за суровини, полупроводници, батерии и производи поврзани со соларни панели, рекоа луѓе запознаени со ова прашање.
Белата куќа одби да го коментира ова, а преку политиката на тарифи, САД успеаја да ги задржат кинеските електрични автомобили на дистанца, што не е баш случај во Европа.
Неколку странски производители на автомобили, вклучувајќи го и кинескиот Polestar, сè повеќе бараат да го локализираат своето производство за американскиот пазар, па производството на моделот Polestar 3 ќе се одвива локално во САД од средината на оваа година.