На 01.06.2018 година (петок) со почеток од 10 до 14 часот во НЛБ Галеријата (на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје) се одржа третиот по ред семинар „Жени во Бизнис“ во соработка со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР). Овој семинар е дел од програмата „Жени во Бизнис“ финансирана од ЕБОР, Шведска, Луксембург и Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и имплементиран во соработка со НЛБ Банка АД Скопје.
Темата на семинарот беше“ЖЕНИ ЛИДЕРИ”, а на истиот присуствува 40-тина преставнички и лидери на компании, кои имаа можност да добијат корисни совети. Истовремено, овој настан претставуваше исклучителна можност за клиентите да ја прошират нивната мрежа на бизнис контакти, да сретнат други „Жени во Бизнис“ од Македонија, да го споделат нивното знаење и искуство за успешната соработка со НЛБ Банк