Се окрупнува ли банкарскиот сектор во земјава? За само два дена обелоденети се две преземања на банки.
Акционерите на Еуростандард Банка позитивно одговорија на интересот на Комерцијална за преземање на нивните акции. Во соопштението испратено до јавноста, од Еуростандард велат дека преземањето ќе придонесе за подобрување на услугите и производите што ги нуди банката, а ќе овозможи и континуиран напредок и развој на работењето во сите сегменти.
Ден претходно, пак, со соопштение испратено до Македонска Берза, Охридска банка извести дека до Управниот одбор на банката официјално е доставена понудата за купување на акциите од страна на Штајермеркише Банк и Шпаркасен АД.
Народната Банка веќе даде согласност австриската Шпаркасе да ги купи акциите на Охридска.
Банка, која што е дел од француската групација Сосиете Женерал. Французите минатата година објавија дека ќе се повлечат од регионот на Источна Европа, а освен од Македонија, се повлекуваат и од Албанија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Молдавија. Причината била што во овие земји Француската групација не е меѓу најдобрите три банки според пазарниот удел.