Со пари од државата и Светска Банка се отвораат три нови бизнис акцелератори во земјава. Во наредните три години тие ќе помогнат на 100-тина старт ап компании. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев вели дека ова е една од пакетот мерки со која конечно на ред дојдоа најмалите субјекти во стопанството, кои според него, се и најважни.
– Прв пат се финансираат 1,45 милиони евра со поддршка на Светска банка, а како поддршка на Владата во акселераторите, но и организаторите на акселератори, тоа се компаниите кои што денеска ја добиваат таа задача. Но и за поддршка ќе инвестираат сопствени 550.000 евра, рече Анѓушев.
Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски вели дека во наредните недели ќе има нов оглас за поддршка на малите претпријатија.
– Би сакал да најавам дека веќе во наредните недели како Фонд за инвоации и технолошки развој ќе го продолжиме проектот, секако со поддршка од Владата и СБ за финансиска поддршка на стартап компании, за финансиска поддршка на младите. Сакаме да отвориме, отвараме и ќе отвориме и понатаму поголеми можности за младите – своите идеи, својот потенцијал да го реализираат во Македонија, изјави Деспотовски.
Според директорот на Светска банка за Македонија и Косово, бизнис акселераторите се важни за поддршката младите.
– Како што приклучувањето во Европа станува се пореално, се надеваме дека уште повеќе ќе станува пореално во идните месеци, капацитетите на фирмите да се натпреваруваат на европските и глобалните пазари е дотолку поважна, рече Марко Мантованели
Четирите спорни компании кои се изјаснија дека во сопственичката структура имаат носител на јавна функција или член на потесното семејство, се изземени од сегашниот процес на потпишување на договорите со Фондот за иновации. Сепак, постапката за потпишување на договорите за 73 други фирми кои немаат врски со јавни функционери е при крај. Анѓушев ги отфрли како шпекулации информациите дека некои компании однапред ќе добијат грантови.