Во Скопје почна со работа нова фабрика за производство на сончеви и термални фотоволтаични панели, со капацитет од 20 мегавати. Доколку пазарот има потреба од поголеми количини,  за три месеци фабриката може да го удвои капацитетот, вели директорот на “Пиксел Груп“, Горан Паунов.

На отворањето на фабриката присуствуваше и премиерот Зоран Заев кој признава дека сончевата енергија треба да се користи повеќе како генератор за економски раст.

Владата како еден од своите приоритети го има економскиот напредок на Македонија ,со заложби и лобирање за поттикнување нови инвестиции, домашни и странски.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, е оптимист дека бруто домашниот производ во 2018 година ќе порасне за 3,2%. Но според истражувањата спроведени од Ерсте Груп од Австрија, објавени во економскиот портал Си – Њуз, во 2018 година БДП се очекува да порасне за 3%.