Во Македонија има вкупно  9,5 илјади  слободни работни места во првото тримесечје од оваа година, објави државна Статистика,  а во истиот период лани имало 8700 непополнети работни места. Најмногу работници недостигаат во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало, градежништвото. Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, 2,93%, односно таму во првото тримесечје од оваа гоина непополнети останале  1.527  позиции.  Најмногу слободни работни места има  во Скопскиот Регион, вкупно 4.297, со  стапката од 1,7 проценти.

Но, со недостигна работна сила се соочуваат и многу европски земји, каде пак мигрираат Македонците во потрага по подобар живот. Ако Германија е Мека за здравствениот кадар, работниците од угостителскиот сектор масовно заминуваат  во Хрватска.. На огласите се нуди сместување, храна, платени патни трошоци  и плата од 1000 до 3000 евра за готвачи со искуство. Па така за работно место шеф на кујна во ресторан во Задар се нуди плата од 1480 евра, сезонски додаток од 1000 евра, награда за лојалност 530 евра и 40 часовна работна недела. Понудената плата  за  помошник готвач од 1000 евра, келнер за  1500 евра. Во потрга во подобар живот и повисока плата  цели македонски семејства одат  на сезонка работа во оваа држава

ВМРО-ДПМНЕ  пак денеска обвини дека на Македонија и се случува егзодус, а земјава се соочува  со најголем демографски пад на светот, односно за 7 години има 40 проценти помалку родени бебиња.

-ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СО ОВИЕ 40% ПОМАЛКУ РОДЕНИ БЕБИЊА  ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМАМЕ ПРАЗНИ УЧИЛНИЦИ, ПРАЗНИ УЧИЛИШТА, НАСТАВНИЦИ КОИ ШТО ЌЕ НЕМААТ ДОВОЛНО ЧАСОВИ. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ЌЕ ИМАМЕ ПРАЗНИ УЛИЦИ И ПРАЗНИ ГРАДОВИ И СЕЛА, РЕЧЕ ВЛАТКО ЃОРЧЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ.

Ако Македонија извезува работна сила во западноевропските земји, недостигот од работници кај нас веќе почна да се надополнува со работници од Индија, Турција и  Далечниот  Исток.