Граѓаните на Европската унија на возраст меѓу 55 и 64 години имаат повисока стапка на вработеност од помладите категории на население, соопшти Евростат.
Околу 65% од мажите и 52% од жените над 55 работат, а заводот за статистика на ЕУ соопшти дека највпечатлив факт е дека оваа стапка на вработеност се зголемила во текот на изминатите 15 години.
Евростат, исто така, додава дека светската економска криза не влијаела врз стапките на (не)вработеност на најстарата популација на Унијата и постојано се зголемува низ земјите освен Грција.
Стапката на вработеност на возраст над 55 години е двојно зголемена од 2003 година во Словенија и Бугарија и се зголеми уште побрзо во Словачка (2,2 пати).
Највозрасните граѓани се вработени во Шведска, Германија и Данска – 70%, додека Романија, Хрватска, Полска, Словенија и Грција се под 50%.
Истражувањето исто така укажува дека сè повеќе Европејци на возраст над 65 години остануваат да работат по пензионирањето, така што на пример, повеќе од една четвртина од Естонците меѓу 65 и 74 се вработени.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк