Се поголем број компании во светот воведуваат четиридневна работна недела наместо петдневната како досега за да ги задржат квалитетните и способните работници, покажуваат податоците на Агенцијата за истражување на пазарот на трудот на САД.

Според извештајот на Агенцијата за управување со човечки ресурси, многу компании во светот воведуваат четиридневна работна недела за привлекување талентирани луѓе од сите делови на светот, истакнувајќи дека во денешниот глобализиран свет, луѓето од едниот дел на светот наоѓаат работни места без многу мака на другиот крај на светот .

Податоците на агенцијата покажаа дека 27 проценти од компаниите на глобално ниво им нудат на вработените можност да работат четири дена во неделата 9-10 часа на ден, наместо претходните пет дена со осум часа на ден.

Резултатите од нивните истражувања исто така покажаа дека овој тренд резултираше во подобро расположение кај вработените, но и поголема продуктивност кај компаниите.

Студијата наведува дека работата од дома е уште еден тренд на пазарот на трудот што се стекнува со популарност кај многу компании. Еден пример е Одшер, град во Данска, чии власти воведоа четиридневна работна недела во септември оваа година.

Државните службеници, околу 300 од нив, вработените во општината се воодушевени од новиот начин на работа, додавајќи дека се задоволни што сега ќе имаат три дена одмор за социјални активности дома и во приватниот живот.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк