Во последните 12 месеци вкупната вредност на пазарот на криптовалути е зголемена за 170 отсто, односно сега е околу 1,6 трилиони долари повеќе од ова време минатата година. Како резултат на ваквиот развој на настаните и порастот на цените на речиси сите водечки криптовалути, од Биткоин до помали алткоини, се зголеми и бројот на милијардери од крипто светот.
Според традиционалното рангирање на милијардери на магазинот Форбс, сега има 17 луѓе во светот кои своето богатство, кое надминува една милијарда долари, го должат на криптовалути. Минатата година ги имаше само девет. Моментално нивното вкупно богатство се проценува на 93 милијарди долари (минатата година беше 37 милијарди).
Трета година по ред, основачот и поранешен извршен директор на крипто берзата Binance, Changpeng CZ Zhao, е најбогатиот поединец во светот на криптовалутите. Моментално е „тежок“ околу 32,5 милијарди долари, но тоа нема да му помогне пред законот. Имено, пред неколку дена судот во Вашингтон го осуди на 4 месеци затвор поради пропусти во бизнисот на Binance, поради што компанијата немаше ефикасен систем за спречување на перење пари. CZ се изјасни за виновен во ноември, се повлече од врвот на компанијата, но сепак ќе мора да оди во затвор за своите гревови.
Ко-основачот на Coinbase, Брајан Армстронг, е на второто место на листата на најбогати крипто-милијардери, со проценето богатство од 11,2 милијарди долари. По него следува Џанкарло Девасини од Тетер со 9,2 милијарди долари, Мајкл Сејлор (Микростратеги, 4,4 милијарди долари) и Паоло Ардоино (Тетер, 3,9 милијарди долари) ги заокружуваат првите 5.
Жан-Луис ван дер Велде (Тетер, 3,9 милијарди долари), Крис Ларсен (Рипл, 3,2 милијарди долари), Фред Ерсам (Коинбејс, 3,2 милијарди долари), Метју Розак (Инвеститор, Блок, 3,1 милијарди долари) и Џед Мекејлеб (Мт. Гок, Рипл 2,9 милијарди долари).