Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски во Студио 10, најави можно укинување на евтината дневна тарифа на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.
-Побаравме анализа од МЕПСО и пиковите се од 14 до 16 часот во периодот на евтината струја.Тогаш најмногу има потрошувачка на струја ние сме единствената земја каде има евтина тарифа во текот на денот. Ги правиме последните анализи, ќе направиме се да ја спасиме дневната евтина тарифа, рече Бислимоски додавајќи дека ноќната тарифа никогаш не била доведена до прашање.