Мултинационалната компанија за пијалоци Diageo размислува да заработи од зголемената побарувачка за својот познат бренд на пиво Гинис преку продажба или понуда на акции, објави Bloomberg.
Продажбата или одвојувањето на брендот се меѓу опциите што компанијата ги разгледува како дел од планот за зголемување на нејзиниот капитал, објави Гардијан.
Марката Гинис е проценета на 10 милијарди долари (околу 9,5 милијарди евра).
Ова пиво, кое припаѓа на типот „ирски стаут“, стана особено популарно меѓу припадниците на таканаречената генерација З, родени на крајот на минатиот век и почетокот на овој век, пишува The Guardian.
Имаше голема побарувачка за Гинис за време на божиќните празници, што доведе дури и до недостиг на пиво.
Споменатите шпекулации за продажбата доведоа до поскапување на акциите на компанијата за четири отсто на денешното тргување на лондонската берза и го ставија Diageo на врвот на индексот FTSE 100.
Производството на ова пиво е започнато во 1759 година од Артур Гинис во Даблин и денес е еден од најпознатите ирски производи, со продажба од неколку милиони пинти (1 пинта = 473 мл) дневно ширум светот.