Публикацијата ќе биде преместена во Лондонски Сити до 2019 година.
Зградата на британското издание на Financial Times на јужниот брег на реката Темза ќе биде продадена за околу 90 милиони фунти (101 милиони евра) пред преместувањето на весникот во Лондонски Сити, соопштува самиот весник.
Агенти на Knight Frank ќе работат на продажба овој месец во името на издавачката куќа Pearson кое ја поседува зградата, објавија двајца упатени извори.
Се смета дека зградата на One Southwark Bridge, во која е сместено изданието од 1989 година, може да биде реконструирана. Според брокерите таа најверојатно ќе остане канцелариски простор, бидејќи јужниот брег на Темза станува популарна локација за канцеларии и привлекува компании како WPP.
Pearson ја продаде Financial Times на јапонската Nikkei во 2015 година, но ја задржа сопственоста на зградата. Оттогаш издаваштвото испитува можности за објектот, како и за вработувања на главната зграда во Лондон на улицата “Странд”.
Таа сметаше да се префрли договорот за наем на улицата “Странд” на инвеститор во зделка, која требаше да ја вклучува и зградата на FT, но сега е избрана опцијата да се продаде централата на изданието во рамките на поширока стратегија да го намалат своето имотно портфолио.
Главните извршни директори на две имотни компании базирани во Велика Британија пројавиле интерес кон зградата. Но канцелариите во Лондон привлекоа и значителни азиски инвестиции во последните години, вклучувајќи инвеститори од Хонг Конг, Сингапур и Јужна Кореја.
FT треба да се вратат во нивните претходни канцеларии на улица Bracken House блиску до катедралата “Сент Пол” во 2019 година.