Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека се работи на законот за пензионирање на 64 години, но на законско решение за предвремено пензионирање со докуп на стаж во моментов не се работи.

Законот за задолжително пензионирање со возраст од 64 години и 15 години стаж ќе ги вклучува сите вработени во јавниот сектор, а ќе остава можности за исклучок во реалниот сектор каде работникот и работодавецот со заемен интерес ќе се договорат за продолжување на работниот век. Примери за исклучоци би биле здравствените работници и наставниот кадар.