Минатата недела финансискиот регулатор соопшти дека 143 акционери, кои контролираат вкупно 91,5733% во Охридска банка, ја прифатиле понудата за купување на Steiermarkische Bank und Sparkassen по 6.298,79 денари по акција. Steiermarkische Bank und Sparkassen плати вкупно 2,98 милијарди денари (48,4 милиони евра) за 472.839 акции на Охридска банка, што претставува 91,5% од акциите. Францускиот кредитор Сосиете Женерал се согласи во февруари да го продаде својот удел од 74,53% во Охридска Банка на Steiermarkische Bank und Sparkassen за 2,42 милијарди МКД, или 6.298,79 МКД по акција.
Денеска се спроведуваше смена на старите симболи од банката и се адаптираа на новиот сопственик. Дали овој голем локален бренд ќе продолжи под старото име или ќе биде променето, останува да видиме…