Германскиот производител на микрочипови Infineon ги објави плановите за укинување на 1.400 работни места и преместување на уште толку на „локации со пониска цена“ за да се преброди период на слаба побарувачка.
Отпуштањата ќе опфатат околу петстотини работници во Регенсбург, Германија, повтори компанијата, без да даде детали за други локации.
Овој потег треба да ги пренесе работните места од сите „земји со високи плати“, од Северна Америка во Азија, во поповолни земји каде што веќе работи Infineon, додаде извршниот директор Јохен Ханебек.
Одлуката за мерките беше тешка, нагласи Ханебек, истакнувајќи дека Регенсбург ќе го задржи статусот на „централна локација“ фокусирана на истражување и развој.
Инфинеон ќе продолжи да создава работни места во Дрезден, додаде тој.
Германскиот производител на чипови моментално се бори со слабата побарувачка, како и целиот сектор. Во понеделникот известија дека добивката во третиот фискален квартал им е намалена на половина, на 403 милиони евра. Нивните приходи се намалени за девет отсто, на 3,7 милијарди евра.
Во четвртиот фискален квартал, кој завршува во септември, очекуваат приход од околу четири милијарди евра.
Нашите целни пазари многу бавно закрепнуваат“, забележува менаџментот, посочувајќи дека поради континуираниот слаб економски раст, крајната побарувачка во многу делови од светот не ги „покрива“ залихите.