“На крајот од 2017 година девизните резерви изнесуваа 2.336 милиони евра и на годишна основа забележаа пад од 159 милиони евра. Податоците за девизните резерви во февруари покажуваат раст од почетокoт на годината, што во најголем дел се должи на трансакциите за сметка на државата како резултат на издавањето на шестата еврообврзница на меѓународните финансиски пазари“ – велат од Народната банка.

 

Според најновите податоци за февруари покажуваат дека резервите во вториот месец во споредба со јануари се намалени за 11 милиони евра.  Меѓутоа ако се анализира структурата на државните резерви, намалување за 88,7 милиони евра има кај валутите и депозитите кои на крајот од февруари изнесувале 152,1 милион евра. Се намалила и врдноста на монетраното злато за 1,8 милиони евра или според февруарската состојба , вредноста на златото кое го поседува Македонија изнесува 237,8 милиони евра.