И лани цената на килограм тутунот беше 375 денари, но без одбиток (одбитокот се движи најмалку 7 % или околу 25 денари плус за килограм). Значи 400 денари за килограм плус 100 денари субвенција, 500 денари по килограм добиваа тутунарите.
„Цените по класи за тутунот се дефинирани со самото склучување на договори – прва класа 375 денари, втора класа 300 денари, трета класа 240 денари и дополнителната 115 денари по килограм предаен тутун.“ Ова го кажа министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, вчера при постетата на Тутунски комбинат Прилеп.
Лани цената на килограм тутунот беше 375 денари, но без одбиток (одбитокот се движи најмалку 7 % или околу 25 денари плус за килограм). Значи 400 денари за килограм плус 100 денари субвенција, 500 денари по килограм добиваа тутунарите.
Трипуновски вчера кажа: „Она што јас можам да го ветам како министер е дека заедно со Земјоделскиот инспекторат, како надлежна институција во делот на контролата ќе бидеме максимално фокусирани оти навистина на земјоделците ќе треба вистински да им се вреднува трудот и нормално да биде исплатено“, рече министерот.
Субвенциите годинава останува иста 80 денари за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета класа на килограм тутун.
Оваа година се склучени договори за 26.000 тони тутун, опфатени се околу 16.800 земјоделски стопанства
Откупот на тутунот се очекува да почна на 18 ноември, понеделник.