Денеска во Скопје се одржа Основачко собрание на Македонска банкарска асоцијација формирана од15 банки и 2 штедилници основани во Република Македонија.
За Претседател во наредниот 4 годишен период едногласно беше избран Коста Митровски, главен извршен директор и претседател на Управен одбор на Универзална Инвестициона банка АД Скопје.
За заменик-претседател беше избран Тони Стојановски, генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор на Стопанска Банка АД Скопје.
„Здружението на банкарството, делувајќи како стручен облик на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија, во досегашниот период оствари значителни резултати во унапредувањето на најдобрите банкарски стандарди во Република Македонија, тргнувајќи од интересите на сите негови членки како и интересите на финансискиот систем и економијата на Република Македонија. Како придружен член во Европската Банкарска Федерација со перспективи за полноправно членство во рамките на процесот на евроинтеграции на Република Македонија, Здружение на банкарство имаше неминовна потреба од трансформација во самостоен правен субјект по примерот и искуствата на сите останати земји, како од ЕУ, така и од нашиот регион“, се вели во нивното соопштение.