Деновите на финансиската писменост, коишто се организираат по седми пат, годинава ќе се одржат од 21 до 23 ноември, во чиишто рамки ќе се изведат предавања на повеќе теми за секој заинтересиран граѓанин.
Организатори се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а се очекува вклучување и на приватниот финансиски сектор.
Народната банка, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, упатува јавен повик до сите заинтересирани граѓани да го пријават својот интерес за учество на едукативните предавања, коишто ќе се одвиваат преку видеоконференциска врска.
Целта на предавањата што ќе се спроведуваат во рамките на одбележувањето на Деновите на финансиската писменост е да се подобри финансиската едукација, да се поттикне финансиската вклученост и да се зголеми свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиските услуги.
Јавниот повик и повеќе информации за пријавувањето за учество на е-предавањата можете да најдете на следнава врска: https://www.nbrm.mk/ns-