Американското Министерство за земјоделство во својата прогноза наведува кои прехранбени производи се очекува да поскапат до крајот на годината.

Според Стејт департментот на САД, цените на храната во февруари 2022 година биле за 7,9 отсто повисоки отколку во февруари 2021 година, а како примарна причина за зголемувањето на цените се наведува конфликтот во Украина.

Поради пореметувања во синџирот на снабдување, но и климатски промени, ова е список на намирници кои би можеле да поскапат до крајот на годината:

Масти и масла – Се очекува мастите и маслата да поскапат за 6 до 7 отсто.

Свежо овошје – Се очекува поскапување од 5 до 6 отсто.

Свеж зеленчук – Се очекува поскапување од 1 до 2 отсто.

Преработено овошје и зеленчук – Се очекува зголемување од 4,5 до 5,5 отсто.

Шеќер и слатки – Се очекува поскапување од 3 до 4 отсто.

Житарици и пекарски производи – Се очекува зголемување од 3 до 4 проценти.

Безалкохолни пијалоци – Се очекува пораст од 3,5 до 4,5 отсто.

Според Business Insider, една од главните причини за зголемувањето на цените е војната во Украина. Руската инвазија на Украина предизвика недостиг на вештачки ѓубрива, го наруши земјоделството ширум светот и доведе до повисоки цени.

Покрај војната, на нарушувањето на цената влијаеја и климатските промени. Имено, уште пред руската инвазија, влошената климатска криза го отежна снабдувањето со храна.

ОН претходно соопштија дека во текот на следните три децении „снабдувањето со храна и безбедноста на храната ќе бидат сериозно загрозени доколку се преземат малку или никакви мерки за справување со климатските промени и ранливоста на системот за храна од климатските промени“.