Меѓу 20-те најразвиени земји во светот, САД е една од единствените напредни економии кои не гарантираат платен одмор на работниците, покажуваат најновите истражувања. Според една студија на Аналитичкиот центар за економски и политички истражувања во Вашингтон, речиси еден од четири Американци немаат платен одмор.

Исто така, постои голема разлика помеѓу работниците со полно работно време и вработените на половично работно време, што покажува дека 90 отсто од првите имаат платен одмор, додека таа привилегија ја имаат помалку од половината со пола работно време.

“Клучната причина за оваа практика е дека САД е единствената напредна економија која не предвидува платено отсуство за своите работници. Исто така, САД е единствената земја која не бара од работодавачите да им понудат на работниците платен одмор “.

Затоа, додека повеќето развиени земји нудат минимум шест работни дена годишен одмор на своите вработени, САД не нудат ниту еден, се вели во студијата.

Дури и кога вработениот има платени слободни денови, просечниот работник во приватниот сектор, најверојатно, ќе добие 10 дена платен одмор и 6 платени празници, што е далеку помалку од сите развиени земји, освен Јапонија.

На десниот брег на Атлантикот, благодарение на правото на ЕУ, во европските земји се обезбедуваат најмалку 20 работни дена од платен одмор или четири седмици, а тоа важи за секој вработен во членка на ЕУ.

Шпанија е најзагржена за своите работници на кои им нуди платен одмор од најмалку 14 дена, а потоа следуваат Австрија, Германија и Португалија.

 

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк