Секој втор има кредит, интересот никако не стивнува. За сега бројките покажуваат дека граѓаните се позадолжени и нивниот долг вкупно надминува 4 милијарди евра. Според анкетираните на терен, кредитот е опција, бидејќи поинаку како што велат сиромаштијата им чука наврата. Децидни се дека веќе речиси секој има кредит и обврска секој месец да го исплаќа со доплнителна камата.

Кога станува збор за тоа дека секој месец граѓаните треба да издвојуваат од своите примања и за кредит, тоа до сега покажало дека пружи дополнителен стрес, затоа што обврската по зимањето е враќањето на кредитот.

Во согласност со ситуацијата, растот на станбените кредити забележително е зголемен во јаунари годинава и тоа за 0,5 проценти на месечно и 12,7 на годишно ниво. Покрај станбените за речиси 5,1 процент се зголемен растот на автомобислките кредити. Од годинава единствено е забележат пад кај кредитите одобрени на кредитни и за 9 отсто на годишно ниво. За 10,2 проценти на годишно ниво се намалени исто така кредитите добрени врз други основи – според податоците на НБРСМ.