ВАШИНГТОН ( Ројтерс ) – Американскиот секретар за земјоделство, Сонди Пердју, призна дека американските земјоделци се “жртви” на трговската војна на претседателот Доналд Трамп со Кина, според едно интервју објавено во вторникот.
Пердју изјави за Си-Ен-Ен дека не очекува трговски договор да се постигне сега кога Трамп се состанува со кинескиот претседател Кси Џинпинг овој месец на самитот на Г-20 во Јапонија, но се надева дека може да се случи до крајот на годината.
Администрацијата на Трамп назначи помош за земјоделците, клучно изборно ветување кое помогна да се одржи републиканецот во неговата изборна победа во 2016 година, но сепак тие се меѓу најтешко погодените од трговскиот спор со Кина.
“Мислам дека тие се една од жртвите со нарушување на трговијата, да”, изјави Пердју за CNN. “Знаевме дека одиме кон тоа кога го однесовме военото знаме кон Кина, одмаздата, ако дојде, ќе биде против земјоделецот.
“Му реков на претседателот – и претседателот разбира – не можете да ги плаќате сметките со патриотизам”, изјави Пердју за CNN. “Ние го знаеме тоа и секако тој го знае тоа. Затоа тој се обидува да ја надополни штетата што ја имаат од прекините во трговијата со олеснување на пазарот”.
Администрацијата на Трамп минатиот месец го обелодени пакетот помош за 16 милијарди долари за земјоделците за да ги надомести загубите од 10-месечната трговска војна со Кина. Стапките за плаќање на земјоделците ќе бидат утврдени локациски- каде што тие одгледуваат посеви, а не од фактот што култури одгледуваат.
Трговскиот спор, кој ескалираше овој месец откако Вашингтон и Пекинг ги зголемија тарифите за увоз на стоки едни со други, ги остави американските фармери со рекордни количини на соја во нивните амбари – со затворањето на пазарот во Кина. Кина некогаш беше дестинација за повеќе од 60 отсто од извозот на соја од САД.