Вработените во јавниот сектор со септемвриската плата ќе добијат покачување  од пет проценти. Ова е предвидено со предлогот за дополнување на Законот за плати, објавен на ЕНЕР.

Во образложението се наведува дека измените се со цел да се обезбеди покачување на платите во рамките на обезбедените буџетски средства, кое ќе влијае на поголема мотивираност на вработените во јавниот сектор, се наметна потребата од дополнување на Законот. Но, не се наведува колку дополнителни буџетски средства ќе бидат потребни за да се реализира ова планирано зголемување на платите.

-Со Законот ограничен е порастот на платите за вработените во јавниот сектор (буџетските корисници, јавни установи, локалната самоуправа, социјалните фондови, агенциите), со исклучок на корекции кои се направени со измени на Законот во 2007 година согласно кои измени се коригираа платите за по 10% од октомври 2007 и за октомври 2008 година, а планираната корекција за октомври 2009 година беше одлагана неколку пати. Со измени на Законот во 2014 година, се изврши корекција на платите за октомври за 4%, појаснуваат од Министерството за труд и социјална политика, кое е предлагач на овие измени.